Состојки:
1кг домати
1 чешне лук
маслиново масло
1 лажица кафеав шеќер
сол и бибер
4 лажици сецкани ливчиња босилек
1 1/2 лажица вински оцет
4 парчиња препечен леб
250гр. моцарела
Постапка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исецкајте ги доматите и лукот во голема тава и додадете 1 лажица маслиново масло. Печете ги 25 минути. Потоа оставете ги малку да се изладат.
Изматете ги печените домати и лук во блендер заедно со кафеав шеќер, босилек (оставете неколку ливчиња за декорација), оцет, сол и бибер по вкус и 60мл. маслиново масло.
Испечете 4 парчиња леб на скара или на тост.
Послужете ја супата од домати заедно со парчиња моцарела сирење и декорирајте со ливчиња босилек.

You must be logged in to post a comment Login