Состојки:
-8 парчиња свинско каре
-600 гр. мешано мелено месо
-50 гр. презла
-1 јајце
-4 парчиња лук
-2 лажички мелена пиперка
-зачин за скара
-сол,бибер
-масло
-малку вода
Подготовка:
1.Зачинете ги кременадлите со зачин за скара.
2.Во презлата додајте малку млака вода, па додајте го меленото месо, јајцето, изглечениот лук, мелената пиперка, солта и биберот. Смесата добро соединете ја и формирајте 9 плескавици.
3.Садот за печење подмачкајте го со масло и наизменично редете – плескавицата од мелено месо, па парче каре. Последна треба да биде плескавицата.
4.Месниот ролат, прекријте го со фолија и печете во рерна загреана на 200 степени се додека месото не порумени.

You must be logged in to post a comment Login