Омилените чоколади се многу скапи. Затоа, ние ви даваме рецепти со кои можете омилените работи да си ги направите дома.
Нема дете кое не сака чоколадо и неда возрасен човек кој не е со детско срце. Детската среќа која се доживува кога ќе му го дадете омиленото чоколадо е непроценлива, но кога ќе се собере се, тие се скапи или не сте баш сигурни какви се состојки има во нив.
Сега можете сите тие чоколади да ги направите сами, а глобтротерите сигурно ќе ги израдува веста дека можат да јадат „Oreo’s“ и дома. Прочитајте ги рецептите за некој од омилените чоколади и израдувајте ги своите најмили.
БАУНТИ
Состојки: Кокосово брашно, кондензирано млеко, шеќер за глазура, чоколадо
Рецепт: Во кокосовото брашно додајте малку млеко и шеќер и мешајте додека не направите густа смеса. Истурете ја смесата во калапи и ставете ги во фрижидер додека не се зацврстат. Исечете ја стврднатата маса и натопете ја стопено чоколадо. Рецептот е лесен, а домашното Баунти можете да го правите и за вашите деца.
ЧОКО-БОНЖИТА
Состојки: Експандиран ориз, овесни снегулки, снегулки од бадем, кафеав шеќер, мед, путер, чоколадни лушпи.
Рецепт: Стопете ги шеќерот, медот и путерот, па додајте го остатокот од состојките во добиената смеса. Декорирајте со чоколадото. Ставете го во фрижидер па исечете го во посакуваниот облик.
ШТРУДЛИ ОД СМОКВА
Состојки: Брашо, путер, шеќер, кора од портокал, цимет, суви смокви
Рецепт: Смелете ги смоквите и од нив направете паста. За тестото измешајте го брашното со, шеќер, путер, цимет и рендана кора од портокал. Ставете го филот во тестото и испечете го. Нема ништо полесно!
Тортиља чипс (ДОРИТОС)
Состојки: Пченкарни тортиљи, масло, мешавина од зачини за скара, рендан пармезан, сол.
Рецепт: Премачкајте ги тортиљите со масло и посолете ги со зачините и пармезанот, па ставете ги во рерна. Со чипсот можете да служите и чили сос.

ОРЕО КЕКС
Состојки: Какао, брашно, шеќер, путер, екстракт од ванила или ванилин шеќер
Рецепт: Од какаото, брашното, шеќерот и путерот замесете го чоколадниот дел. Додека се лади, имешајте го путерот со ванила и шеќерот за фил. Потоа само спојте ги деловите.





You must be logged in to post a comment Login