Состојки:
-2 главици кромид
-2 моркова
-300 гр. мелено јунешко месо
-1 јајце
-2 парчиња лук
-2 лажици презла
-1 дл. павлака
-4 лажици масло
-мешан зачин
-бибер
Подготовка:
1.Кромодот, морковот и лукот исечете ги на мали коцки.
2.Во еден сад соединете ги месото, јајцата и презлата, зачинете по вкус и добро измешајте. Од подготвената смеса обликувајте мали топчиња со големина на орев.
3.На малку масло испржете го кромидот и лукот, а потоа додајте го морковот. Постепено додавајте вода и динстајте на умерена температура.
4.Кога зеленчукот е половина готов додајте го месото и зaчинете по вкус и продлжете со готвење се додека состојките не омекнат.
5.Пред крај на готвењето ставете ja ладната запршка (мешавина од брашно и малку вода) и гответе уште 5 минути.
6.Во готовата чорба додајте ја павлаката и добро измешајте.