Потребни се неколку часа за да се подготви овој десерт, а најмногу време одзема подготвувањето и обликувањето на чоколадото.
Потребни состојки за 6 лица:
- 300гр чоколадо за готвење
- 100гр мед
- 1 лажица пудиг од ванила
- 200гр мелен мак
- 200гр мелени ореви
- 100гр шеќер
- 200мл црно ароматично вино Бермет
- 400гр свежи вишни
Чоколадото за готвење се меша со мед и се добива смеса која е еластична и погодна за обликување кога ќе се олади. Основата се прави од грилијаж, кој го сочинуваат мелени ореви и пржен шеќер. Мак и пудинг од ванила се готват заедно и од нив се добива фин крем полн со вкус.
На крајот свежите вишни треба да се варат со ароматичен бермет додека смесата не зоврие, а откако ќе се олади почнува креирањето на вистинската фантазија.
На дното од чинијата оди грилијаж, а околу него рамка од чоколадо која е претходно подготвена. Наполнете ја со крем од ванила и мак, а вишните се додаваат на врвот од десертот и се сервираат од страна.
Овој десерт, поради ароматичното црно вино, треба да се служо со јака храна, најдобро со дивеч.

You must be logged in to post a comment Login