Состојки:
500 г телешко или свинско месо (исечкано на мали парчиња)
2 лажици масло за готвење
2 гранчиња свеж рузмарин
1 главица кромид
3 лажици брашно
300 мл доматно пире
1 лажица црвен пипер
½ лажичка ким
1 л телешки бујон (супа од коцка)
200 г печурки
2 пиперки
1 мала лута пиперка
2 големи компири
1 морков
100 мл црвено вино
малку сол, црн пипер
Подготовка:
Во подлабок сад, на загреано масло за готвење, запржете две гранчиња рузмарин и додадете сечкан.
Додека кромидот се пржи, исечкајте го месото на ситни парчиња и додадете го во садот со кромид.
Настрана, во доматното пире додадете малку сол, лажица црвен пипер и ким.
Намалете го оганот и ставете брашно. Добро промешајте па додадете ја и смесата од доматното пире.
Сипете еден литар телешки бујон и гответе на тивок оган околу 30 минути.
Во меѓувреме, исечкајте ги компирите, пиперките, печурките и морковот на помали парченца.
Додадете ги во садот со месото заедно со едно чешне лук, сипете вино, зачинете и оставете ја супата да крчка околу половина час или се додека не се свари зеленчукот.
Оставете ја малку да се олади и сервирајте ја. Добар апетит!

You must be logged in to post a comment Login