• Сподели на:

Бело месо со печурки

___

Време на подготовка: 45 минути / ќе послужите: 4

  • 800 грама бело пилешко месо
  • 400 грама шампињони
  • 1 лажичка мелени пиперки
  • 2 дл павлака
  • 150 грама брашно
  • 150 грама кашкавал
  • 0,5 дл масло
  • Мешавина од зачини, сол и бибер по желба

За бешамел сос

  • 80 грама маргарин
  • 3 лажички брашно
  • 5 дл млеко
  • Оригано
  • Мешавина од зачини и бибер

 

Чекор 1

Пилешкото место исечете го на мали шницли и истенчете ги со толчник за месо. Зачинете ги по вкус и втријте ги од двете страни со брашно. Пропржете ги во врело масло, додека да поруменат.

Чекор 2

Шампињоните исечете ги на листови и пропжете ги во малку масло. Извадете ги од маслото и оставете да се оладат и по тоа измешајте ги со павлаката.

Чекор 3

Во огнотпорен сад ставете масло на дното и наредете го прженото пилешко во него, прелијте со печурките и павлаката. Печете во загреана рерна на 200 ºC 15 минути.

Чекор 4

Месото извадете го од рерната и прелијте го со башамел сос и посипете со кашкавал и запечете го додека не поцрвени.

Бешамел сос

  1. Во мало длабоко тенџере истопете го маргаринот и по тоа додадете брашно и кратко пропржете.
  2. Истурете млеко, додаете го ориганото и зачинете по вкус и по тоа гответе го сосо на умерена температура со мешање се додека не се добие потребната густина.

Оставете коментар

___