• Сподели на:

Aмерикански палачинки

___

Состојки:

-3 јајца

-250 гр. брашно

-150 мл. јогурт

-250 мл. млеко

-2 лажици шеќер

-1 лажичка сол

-2 лажички прашак за пециво

-2 лажици растопен маргарин

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте го јогуртот, млекото, брашното помешајте ги со прашакот за пециво, сол и маргаринот. Убаво соединете со миксерот.

Во загреана тава ставете од подготвената смеса. Печете ги палачинките од двете страни.

Готовите палачинки послужете ги со јаворов сируп, мед, некој готов прелив, крем итн.


Оставете коментар

___