• Сподели на:

___

Состојки:

-1 кг свинско каре без коска

-100 гр. сланина

-100 гр. листови од сланина

-4 кисели краставички

-100 гр. кашкавал

-1 црвена пиперка

-1 жолта пиперка

-4 шери домати

-3 дл. масло

-мешан зачин

Подготовка:

1.Свинското каре исечете го на 16 еднакви тенки шницли, секоја шницла зачинете ја по вкус.

2.Сланината и црвената пиперка исечете ги на коцки, краставичките и кашкавалот на ленти.

3.На секоја шницла ставете по една лента краставица, кашкавал и сланина. Страните на шницлата преклопети ги кон внатре, замотајте ја и обвиткајте ја со сланина. Готовите ролнички набодете ги на стапче за ражничи. Помеѓу секоја ролничка ставете по една коцка од жолтата пиперка, а на врвот на стапчето декорирајте со шери домат.

4.На тефлонска тава загрејте масло, па ставете ги ражничите да се испечат од двете страни.


Оставете коментар

___