Компаниите на чие чело се наоѓаат женски менаџери работат подобро од оние кои на водечките позиции имаат мажи, покажале резултатите од истражувањето кое го спровел институтот “Credit Suisse Research”.
Студијата е спроведена на 2400 компании. Се покажало дека компаниите кои имаат мешовит менаџмент работат за една четвртиона подобро од оние кои на раководните позиции имаат само мажи.
– Компаниите кои имаат барем една жена – менаџер постигнуваат подобри резултати во однос на оние каде на врвот има само мажи. Исто така, таквите компании забалежале помала нестабилност во работните циклуси – изјавил еден од главните истражувачи за “Think Progress”.

You must be logged in to post a comment Login