• Сподели на:

Заљубете се повторно во својата работа!

___

Не ги кријте своите потреби

Тајната на успешната комуникација лежи во нејзината константа – така што, правете го тоа постојано, не само кога нешто ќе тргне наопаку. Замолете го шефот да ви даде јасни насоки кога е во прашање работата и нејзините цели. На тој начин ќе се чувствувате многу помотивирани да дадете сè од себе и тоа секој работен ден.

 

Контролирајте ги емоциите

Научете да поентирате, а притоа да не бидете преплавени од емоции. Земете воздух (длабоко) десет пати, а при секое вдишување избројте до десет – невозможно е да останете под стрес доколку го натерате телото да се опушти. Потоа направете листа на ситепозитивни начини  на кои можете да ги решите комплицираните ситуации. Така ќе бидете подготвени да го решите секој проблем.

 

Покажете дека сте неопходни

Времето во кое беше срамно да се фалите и да се воздигнувате самите себеси е далеку зад нас. Доколку не му ставите до знаење на вашиот шеф или на колегите околу вас дека сте направиле некој добар потег, постои можност тоа никој да не го забележи. Не се воздржувајте се ова да го споменете и кога, на пример, ќе барате покачување на платата.


Оставете коментар

___