• Сподели на:

Во Шведска, жените станаа поплатени од мажите

___

Просечната плата на жените на менаџерски и политички позиции во локалната управа во Шведска за прв пат во историјата е повисока од онаа на машките колеги на таквите позиции.

Просечната плата на жените кои работата на висока позиција во локалната управа изнесува 58.925 круни, додека просечната плата на мажите изнесува 57.925 круни, открива „Dagens Samhälle“.

– Мислам дека тоа покажува дека жените менаџери се подобри во преговарањето за плата. Често се подобро образувани од мажите, тоа знаеме.“ – вели Ана Елијас, портпарол на една локална компанија.

Сепак, жените во Шведска не се еднакви на сите подрачја. Во управните одбори на компаниите, три четвртини од членовите се мажи. Исто така, 77% од професорите во високото образование се мажи.

 


Оставете коментар

___