Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Со говор на телото до пат на успехот

Убедете го шефот и колегите дека ги посматрате работите од ваш агол

Постојат тајни трикови за напредување на работа – не се прекувремени часови, додатни проекти па ни правите зборови во право време. Тајната е во тоа како да се движите. Можете да го користите говорот не телото да ја наведете ситуацијата како вие сакате да биде, без да бидат свесни другите за тоа.

Суптилни промени во вашето движење може да пратат потсвесна порака на луѓето околу вас, според експертот за говор на телото Џејн Драјвер, авторка на книгата You Say More Than You Think. Таа повеќе од деценија ги обучува американските сили на законот да го читаат говорот на телото, откриваат потези кои ќе им дадат предност.

 

Одбегнете ја грешката

Ок, сте погрешиле. Ако сакате да спречите експлозија од емоции на вашиот надреден, застанете малку на страна пред него на пола метар. Ова е мирољубив  став кој за последица ќе посака да прејде преку вашиот пропуст. Изјавата „ова нема да се повтори“ ја потврдува позицијата.

 

Победете ги негативците од канцеларијата

Обраќајте им се директно (не наклонувајте ја главата надоле, со тоа барате одобрување) и подигнете ја брадата за околу 5 сантиметри. Зрачите со самопочит бидејќи ги посматрате од висина. Користете ја раката, така што дланката биде свртена надоле, со тоа покажувате дека ја имате контролата и не паѓате на нивните глупости.

 

Надмудрете ги натпреварувачите

Додека разговарате со нив, испружете ја раката преку масата. На овој начин им праќате порака сакате да им ја заземете територијата. Така вие се претставувате како алфа колега и порачувате дека можете и ќе го добиете тоа што го сакате.

 

Нека сите ви кажат Да

За да го наведете колегата да ви направи услуга, користете ја техниката со која се служат полициските службеници при испитување, гестикулација со една подигната дланка. При тоа раката ставете ја на срце во моментот кога го изговарате своето барање, порачувајќи дека е „од срце“. За да запечатите договор, застанете на неколку секунди пред да ги кажете клучните зборови, како: „Знам дека сме сите зафатени, но дали би можела (пауза) да ја превземеш мојата смена?“ таа краткотрајна тишина суптилно ја означува вашата изјава како потсвесна команда, наведувајќи да кажат ДА.

 

Победете на состанок

Одберете место во близина на шефот (да почувствува поврзансот со вас). Седете на првата третина од седечкиот дел на столицата со што ќе доловите дека ја имате контролата и сте активни и вклучени. Овој психолошки изум ќе го наведе да во главата ве поврзе со работата и со себе и да имате поголеми шанси да се сложи со вас.

 

Замолчете го непријатниот колега

Не прекинувајте да гледате во тоа што го работите додека тој зборува, со рака правете гест револвер со раката, притиснете ја така раката на усните, така ќе му дадете до знаење дека не сакате да зборувате. Ако не е сватена поракта, целта нека биде колегата со изјавата „имам многу работа“.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...