Старата работа, а нов шеф? Тоа подразбира и нови правила за игра…
Очекувајте промени
Новите шефови воглавно со себе носат нов сет на очекувања и приоритети. Затоа покажете ја својата отвореност кон промените. Проучете каков е пристапот кон работата на новото раководство, за да можете на најдобар можен начин да одговорите на барањата. Наједноставно е да разговарате со шефот и директно да дознаете што се очекува од вас.
Дајте поддршка
Со оглед на вашето досегашно искуство, вие можете да бидете важна алка во работните планови на новиот шеф. Поддржете ги неговите/нејзините идеи и акции, обезбедувајќи дополнителни информации и идеи за новите проекти. Некои луѓе не го прифаќаат фактот дека дел од нивната работа е и тоа да шефот се претстави во најдобро можно светло. Треба да се има на ум дека никој нема да има ќар доколку “главата” на организацијата делува како губитник.
Докажете се веднаш
Фокусирајте се на брз успех и постигнување резултати. Овие “победи” се всушност темели на кои ќе го градите кредибилитетот кај новиот шеф. Оној момент кога неговата/нејзината доверба биде утврдена, на добар пат сте да постигнете успех каков што посакувате.

You must be logged in to post a comment Login