• Сподели на:

Професии кои предизвикуваат депресии

___

Денес не е лесно да се пронајде работа, но кога имате работа далеку е од идеална поради тоа  многу од вработените се често депресивни. Ког а ќе се одлучите за професија која ќе биде вашата иднина, не е едноставно да одберете. Некои од професиите предизвикуваат сериозни психолошки проблеми, како депресијата.

Подоле е листа од најдепресивните работни места:

Според најновите истражувања се покажало дека меѓу најнегативните професии се негуватели во домови за стари лица и негувателките во јаслите за деца.  Слабо се платени а работат напорно со голем број на луѓе над нив кои константно им бараат нешто и заповедаат, без да им ја дадат потребната почит. Типичниот работен ден бара од нав напорен физички и психички труд, хранење, хигиенска грижа на лица кои или се премногу болни или премлади, кои немаат навика да се заблагодарат на пружената нега, често и да соработуваат.

Samoca2

Келнерите исто така се слабо платени а работат напорно со голем број на луѓе, нон стоп им се наредува. Иако од депресија патат 10 % од персоналот во ресторантите, најголем % од нив се келнерите.

 Klinika-Laza-Lazarevic-foto-Milena-Djordjevic-21

Исто и дефектолозите кои работат со злоставувани деца, жени и фамилии се на удар од високо ниво на депресија, како и здравствените работници.

 Nastavnik-670x443

Уметниците и забавувачите имаат сериозни проблеми како нередовна исплата на хонорари, не се знае кога им е работното време, исто често работат во изолација. Креативните луѓе сами по себе имаат променливи расположенија, кај нив нивото на депресија е околу 9%, а самиот животен стил исто допринесува  депресијата да биде почеста кај оваа група на луѓе.

NASILJE-sxchu-JoanaCroft

Вработените на шалтери и во канцеларии, особено каде што се пишуваат жалби, барања се исто ударна група. Се бараат од нив големи и важни барања, а имаат мнгоу малку овластувања. Тие се на „првата линија“, ги примаат жалбите и поплаките а се само на дното на административната пирамида за одлуки.

 Muskarac-u-depresiji

Работниците за одржување на инсталаци и разни мрежи се едни од загрозените, бидејќи мора да се достапни во било кое време, сезонски ноќни смени, а нивната обврска е да решат се брзо кај што други погрешиле. Најчесто се со мали плати.

 djubretari-3a

Финансиски советници и сметководители, тие се соочуваат со стотини или милиони туѓи средства, што е огромна одговорност. Советите мора да се даваат многу внимателно, но секојпат при лоши инвестиции се соочуваат со незадоволните клиенти.

 stres-net_efekt

Комерцијалистите се исто на листата. Многу од нив работат на процент од продажба, што автоматски значи дека приходите не се стабилни и сигурни. Мора да патуваат и да поминат време далеку од дома и фамилијата. Ако продаваат по телефон или презентација , мора да вложат плус  енергија да успеат во тоа.

sxc-hu-channah2


Оставете коментар

___