Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Премногу работа може да ја уништи вашата кариера

Дали сте знаеле дека унапредувањето на работа е начин на кој компаниите сакаат да кажат: „Веруваме во Вашиот потенцијал и вредност како работник и се надеваме дека ќе го остварите својот полн потенцијал и ќе допринесете за подобрување на компанијата “.

 

Но, пред да добиете унапредување и поголема плата, треба да се случат неколку работи:

 

1) Мора да ги знаете своите вредости и како може да допринесете за својата компанија.

 

2) Мора да бидете самоуверени и да ги знаете своите можности и како ќе успеете да го извршите својот дел од работата

 

3) Мора да изградите свој круг на пријатели и сојузници, како и луѓе кои позитивно влијаат на вас

 

4) Додека ги правите претходните три работи, мора да испратите суптилна порака до вашите шефови дека нема повеќе да бидете тука доколку не сакаат на вистинскиот начин да ви компензираат за целиот ваш труд и работа.

 

Но, мора да обрнете внимание да не работите премногу и да изгинете на работа. Тоа е дефинитивно најлошиот совет кој некој може да ви го даде за напредување на работа.

 

 

Дали мислите дека е паметно секогаш да работите до доцна во ноќта?

 

ПРЕМНОГУ РАБОТА МОЖЕ ДА ИМА КОНТРАЕФЕКТ

 

Прекумерната работа нема никаков ефект при унапредувањето, а дури може и да ви ја намали можноста да дојдете до него. Ако немате доволно самодовреба во себе и во начинот на кој можете да допринесете за својата компанија, нема да биде воопшто важно колку долго сте таму и колку напорно работите. Нема да бидете ниту забележани, ниту унапредени.

 

Оние кои се качуваат на скалите на кариерата и добиваат промоции и бонуси не работат деноноќно. Наместо тоа, тие имаат свој разработен систем. Тие учат како функционира компанијата и го шират својот круг на познаници. Тие набљудуваат кои се клучните играчи во компанијата, учат од нив и ги негуваат своите пријателства. Тиа создаваат слика дека се потребни на компанијата.

 

ПОКАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ ВРЕДНИ, НО НЕ И ДЕКА ГИНЕТЕ НА РАБОТА

 

Ако сте вреден и лојален работник, а повторно се чувствувате заробени на местото кое веќе сте го „надраснале“, вашиот менаџмент нема да биде импресиониран  со тоа што преговарате на работа. Тие напротив, ќе се загрижат. Вие во нивните очи станувате обврска, а не предност, бидејќи со тоа покажувате дека не можете да го поднесете ритамо според кој работите, а да не зборуваме за тоа дека не делувате како личност од доверба коге е во прашање поголема одговорност. Ако премногу работите, испраќате погрешна порака и го саботирате сопствениот труд.

 

Престанете да мислите дека треба да се чувствувате преморени за да бидете унапредени, бидејќи луѓето кои добиваат унапредување не чувствуваат дека се под притисок, затоа што на тој начин никогаш нема да го убедат менаџментот да им ја подари својата доверба на новото работно место.

 

ДОБРО ПРОЦЕНЕТЕ ШТО Е ВРЕДНО ЗА ВАШИОТ ТРУД

 

Кога добивате порив да работите многу и тоа цела вечер, направете пауза и размислете за вашата работа и за тоа колку вашиот труд ќе има ефект на менаџментот. Прашајте се што може да ви донесе тој труд, а што ќе се случи ако не се трудите толку. Бидете паметни и бирајте приоритети, бидејќи на тој начин во компанијата ќе забележат дека повеќе се трудите околу одредени работи и ќе знаат дека тоа е така бидејќи ги сметате за важни. Секако, некогаш треба да се помачиме за да постигнеме сè, некогаш треба да останеме подоцна, да одговараме на мејлови и да немаме слободен викенд. Но, внимателно бирајте кога ќе го правите тоа.

 

Не заборавајте, ќе се забележи дека обрнувате повеќе внимание околу она што е важно за компанијата, затоа потрудете се добро да процените кога ќе изгинете на работа, а кога ќе се повлечете. Пробајте да го примените ов во вашата кариера и сигурно ќе стигнете далеку.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...