• Сподели на:

Освен помали плати, жените имаат и лоши работни услови

___

Според новото истражување  за родовите разлики на работното место, освен разликата во плата помеѓу мажите и жените, постои и разлика во квалитетот на работа. Научниците предупредуваат дека жените на работното место не мора да се борат само со помала плата, туку и со лош квалитет на работното место.

Жените во индустријализираните земји се во неповолна положба во однос на мажите според повеќе аспекти кои се однесуваат на квалитетот на работните места, се наведува во новата студија. Жените имаат тенденција да бидат под поголем стрес, имаат помалку можности за напредување, и се соочуваат со недостаток на флексибилност и сигурност на работното место, пренесува Хафингтон Пост.

1_7k6LcMDO

“Овие резултати се спротивни од очекувањата дека жените имаат подобри работни услови, што би требало да ги надокнади ниските плати и ограничените можности за напредување, но тоа е неточно”, велат авторите на студијата Хаја Стиер од Универзитетот во Тел Авив и Меир Јаиш од Универзитетот во Хаифи, Израел.

Единствената област во која жените имаат предност пред мажите на работното место се физичките области, според тоа поверојатно е дека мажите ќе имаат физички понапорни и поопасни работни места. Стиер и Јаиш користеле податоци од 2005 година од истражувањето на Меѓународната програма за социјални истражувања. Тие се фокусираа на одговорите за работните услови од 8.500 мажи и 9.000 жени во 27 индустријализирани земји, вклучувајќи ги САД, Германија, Јапонија, Израел и Австралија.

Авторите на студијата воочија дека своите приходи и можности за напредување мажите ги оценија со 8% повисоки оценки отколку жените. На прашањето за стрес на работното место, мажите својата работа ја оценија 5% пониско од жените. На скала од 1-3, мажите својата автономија за работа ја оценија со просечна оценка која е околу 15% поголема од оценките кои ги давале жените, со тоа што факторот за автономија вклучувал прашања за организација на распоредот на работата и годишните одмори.

Научниците тврдат дека разликата во квалитетот на работното место го намалува бројот на вработување на жените, а вработување на поголем број жени и мажи во доминантниот свет и обратно би можело да предизвика нерамнотежа во проблемите на работното место. Политичарите исто така би требало да се фокусираат на елиминирање на родовите стереотипи и кај студентите кои допрва се одлучуваат за нивната идна кариера за да се промовира еднаква професионална застапеност.


Оставете коментар

___