Цел на успешното деловно облекување е да ве прикаже како самоуверена, способна и професионална личност. За да успеете, морате прво да направите јасна разлика помеѓу облекување за коктел вечер и работен ден.
– Зависно од удобноста, бирајте панталони и здолништа. Еднобојните парчиња се многу важни, а експертите советуваат да имате по пет пара од секое парче.
– Набавете дизајнирани маици во пастелни бои со минималистички детали. Избегнувајте тешки ткаенини и декоративни детали. Секогаш имајте на ум дека одите на работа.
– Обезбедете си класични модели на палта, во зависност од бројот на состаноците и конференциите на кои треба да се појавите.
– Ако сакате да изгледате “casual” носете џемперчиња, тоа е сосема опуштено и прифатливо.
– Во плакарот секогаш имајте ролки, но пазете да немаат премногу “print” на нив. Пастелните бои се секогаш добредојдени.

You must be logged in to post a comment Login