Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Од лидерска перспектива: Успешните жени имаат посебни карактерни адути

Регрутирањето на талентот, што како специјалност и задача го истражува фирмата ,,Caliper”, беше насочено кон дамите во најновата спроведена студија. Да, дамите или поточно успешните жени, кои се особините кои тие ги поседуваат во корист на успешноста.

Од испитаните 85 успешни жени, сумирано е дека, пред се, имаат особина на асертивностили поточно, способни се јасно и директно да кажат се што мислат, а ако мислевте дека агресивноста не им е јака страна – се лажете! Агресивни се во смисла на борбеното залагање и конструктивното делување, но тоа не ги спречува во емпатијата, да ги слушаат другите и да ги разберат. Силното его е главниот атрибут кој им дава самодоверба и успешно прифаќање предизвици. Енергичноста им го овозможува ентузијазмот во работата и воопшто, подготвеноста за активност во текот на целиот ден. Успешните жени, дефинитивно, добро го знаат својот начин на елиминација на стрес,или многу успешно го толерираат стресот, па многу често мислите дека во животот немаат препреки или проблеми.

Жените кои се успешни во својата кариера, ги опседнува мислата дека не поминуваат доволно време со семејството, најсаканите, најблиските…. но често се соочуваат со неопходноста да ги смогнат сите сили за да ги надминат колегите од посилниот пол, со што тие би ги сфатиле посериозно за нивното залагање и професионалност.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...