• Сподели на:

Нов тип на дискриминација на работното место: Шкорпиите и Девиците се непожелни

___

Една кинеска фирма проценила дека луѓето кои се родени во знакот на шкорпија и девица се премногу чудни и критични, поради што дури и неможете да се пријавите за работа кај нив, додека пак јарците, рибите и вагите се добредојдени таму.

Овој необичен оглас за работа бил поставен на огласна табла во универзитетот Вухуан за учење на англиски јазик, и побудил бурни реакции во јавноста.

„Не сакаме шкорпии и девици, додека јарците, рибите и вагите имаат приоритет“, пишува во огласот.
Локалните медиуми ги пренесуваат изјавите на неименуваната компанија која изјавила дека го истражувала хороскопот и открила дека шкорпиите имаат јак карактер и се чудни, додека пак девиците се премногу критички настроени и не се задржуваат многу на една работна позиција.

Вработив луѓе кои се родени во тие два хороскопски знака и тие или се расправаа со колегите или не останаа многу долго на работа“. изјавиле од компанијата.

Во извештаите не е наведено зашто другите знаци се подобри за работно место како професор.
Ова не е прв случај хороскопот да влијае на работодавците. Во истиот град една студентка, родена во знакот на рак, пред неколку месеци пробала да се вработи во фирма која организира венчавки, но била одбиена затоа што водолиите и шкорпиите биле попогодни за таа работа.


Оставете коментар

___