Понекогаш популарноста на работното место може да ве чини понатамошно унапредување.
Едно истражување на два американски универзитети покажало дека и мажите и жените, кои на работно место се оценети како „непријатни“, имаат поголеми плати и поголема можност за унапредување или брзо наоѓање нова работа.
Таквите луѓе се ценети од страна на нивните претпоставени бидејќи се подобри преговарачи и не попуштаат толку лесно. Во превод, додека вие молчите, со главата меѓу купиштата хартија и чекате награда за својата напорна работа, оние кои јасно истакнуваат што сакаат, тоа и го добиваат.
Тоа никако не значи дека треба да бидете агресивни, бидејќи ни на тој неачин нема да добиете унапредување. Еве јапричината зошто не треба секогаш и на сите да им бидете на услуга.
„Фините и пристојните луѓе често биваат искористени од страна на другите колеги, бидејќи работат и работи кои не би требало, само за да им се допаднат на другите. Токму така, тие не прават добро ниту за себе ниту за компанијата“ откриле научниците.

You must be logged in to post a comment Login