Истражувањето на два американски универзитети покажало дека и мажите и жените, кои на работата се оценуваат како “непријатни”, имаат поголеми плати и повеќе можности за унапредување или побрзо наоѓање на нова работа.
Таквите луѓе се ценети кај своите надредени, бидејќи се подобри преговарачи и не попуштаат така лесно. Во превод, додека вие ќутите, со главата меѓу работа и чекате награда за напорниот труд, оние кои истакнуваат што сакаат, тоа и го добиваат.
Тоа никако не значи дека треба да бидете агресивни, бидејќи ни така нема да бидете унапредени. Еве зашто не треба да сте сегокаш и на сите на услуга.
Фините и пристојни луѓе, често се искористувани од страна на останатите колеги, бидејќи работат и работи кои не би требало, само да им се допаднат на другите. Со тоа не прават добро ни на себе ни на фирмата.

You must be logged in to post a comment Login