• Сподели на:

Контролирајте ги своите пари: Финансиски совети кои би требало да ги знае секоја жена

___

Постојат одредени факти за париок ети би требало да ги знае секоја жена. Контролата над сопствените финансии ќе ви овозможи лесно да ги реализирате своите долгорочни цели. Без разлика дали станува збор за купување куча, автомобил или инвестирање во својот бизнис, со парите треба да постапувате внимателно, а недостатокот од нив може да ни ги уништи животните планови.

Можеби веќе сте имале проблеми со парите во минатото или не сте ги научуле добро некои од финансиските лекции. Без оглед на сè, никогаш не е доцна да ги превземете работите во свои раце и самите да воспоставите ред над својата финансиска ситуација.

 

1. Трошете помалку отколку што заработувате

Од сите работи кои жените би морале да ги знаат за парите, оваа е на врвот на листата. Никогаш немојте да го трошите целиот месечен износ кој го заработувате и секогаш обидувајте се да ставите пари на страна. Живееме во несигурни времиња и никогаш не се знае што може животот да ни донесе. Помалку трошење од заработеното всушност е тајна која долгорочно гледано, води кон богатство.

 

2. Погрижете се за здравственото осигурување

Не е доволно само да имате здравствено осигурување, туку направете договор и за дополнителна полиса бидејќи никогаш не се знае што може да се случи во иднина. Недостатокот од дополнително здравствено осигурување може да резултира со огромни медицински трошоци ако случајно некогаш ви е потребно лечење.

 

3. Пронајдете финансиски одговорен партнер

Ако напорно работите за да ја средите вашаа финансиска состојба, не му дозволувајте на вашиот партнер да го упропасти целиот ваш труд. Важно е да бидете упатени во моменталната финансиска ситуација на својот партнер, но во неговото финансиско минато. Разговарајте со партнерот за финансиите, кои се вашите приоритети, цели и како ќе ги постигнете. Ако навистина го сакате својот партнер и тој ве сака вас, тогаш би требало да имате заеднички цели кога станва збор за парите.

 

4. Паметен шопинг

Нема ништо лошо во тоа понекогаш себеси да си дозволувате нов пар чевли или чанта за која веќе долго сонувате. Но, важно е да правите паметен шопинг и да го купувате она што навистина можете да си го дозволите. Со други зборови, немојте да ги трошите парите за закупнина или својата заштеда само за да бидете во тек со најновите модни трендови. Пратете ги акциите и купувајте роба на попуст.

 

5. Секогаш купувајте со список

Ако купувате неопходни намирници без список, постои голема веројатност дека ќе купите работи кои всушност воопшто не ви се потребни. Што и да купувате, секогаш пред да одите составете список и купувајте ги само работите кои се наоѓаат на него.

 

6. Дознајте колку вредите

Општо е познат фактот дека жените се помалку платени од своите машки колеги. Но, не може да барате покачување на плата доколку не знаете која е вашата вистинска вредност. Ито така, мора да ја знаете вашата вистинска вредност кога одите на разговор за работа бидејќи на тој начин, вашата преговарачка моќ е поголема. Истражете колку изнесува просечната плата земајќи го во предвид вашето образование, позиција и искуство.

 

7. Не плашете се од големи чекори

Ако сте сингл и вашата финансиска ситуација е стабилна, а доволно сте заштедиле, не треба да се плашите да превземете поголеми животни чекори како што се купување куќа/стан или автомобил. Поседувањето своја куќа во денешно време е голем успех, па ако можете да си го дозволите тоа, зошто да не?


Оставете коментар

___