• Сподели на:

Која особина најмногу ја посакувате кај вашиот шеф?

___

Смислата за хумор е најпосакуваната особина.

Многу вработени се сметаат за среќни доколку имаат убав, културен, респектиран шеф, но новите истражувања покажуваат дека најмногу ценета особина е смисла за хумор.

Едно од истражувањата покажа дека најдобар начин за работодавачот да дојде до одлична врска со своите вработени, е да биде во можност да ги насмее.

Како што работниците се притиснати од работни задачи што одземаат повеќе време како и работата под притисок од рокови, многу е важно да тие можат да споделат некоја шега со нивниот шеф во обид да го зголемат своето уживање во работниот ден.

Смислата за хумор е исклучително лична работа и така секој работник што има среќа неговиот шеф да поседува ист вкус за хумор како него, би можело да е пресудно за да има одличен работен ден како и задоволство во работата.

Дваесет и шест отсто од анкетираните ја наведоа смисла за хумор како најдобра особина, а кај 20 отсто чувството на довербата кај шефот е најважната.

Почитта, исто така, важи за клучна на работното место, со 15 отсто од гласовите, и уште 13 отсто тврдат дека трпението е клучот за успешен однос со вашиот шеф.

Други карактеристики беа гафови, фер однос, отворена комуникација и чесност.

Жените со 61% ја најдоа смисла за хумор поважна од се, во споредба со 39% од мажите кои се изјасниле така.

Се верува дека смислата за хумор е на врвот на листата затоа што иако сите други особини создаваат позитивна работна средина, тие не мора да значат подобрување во уживањето и во вложениот труд. Многу вработени сакаат да се ослободат од напнатоста и стресот во денот преку споделување на шега со предпоставениот.

Откриени се особини за кои нашироко се смета дека се позитивни на работниот однос, како што се почитување, доверба и отворена комуникација, но тие се сепак долг пат до продуктивна средина. Се чини дека многу работници сакаат да одат еден чекор понатаму и редовно да си споделат шега со супериорен.

Всушност, од оние вработени што биле анкетирани, многу изјавиле дека веруваат дека со споделување на шега со шефот, охрабруваат култура на отвореност на работното место, а и помага да се отстрани формалната бариера.

Вреди да се напомене дека, сепак, шеф кој премногу се шегува, ризикува да ги наруши не само неговите, туку и перформансите на неговите вработени.

Сите ние знаеме колку стресна може да биде работата и најчесто ова е предизвикано од цврста „шеф-вработен“ релација, така што можноста да се ослободат сите тензии преку споделување на шега не е само пријатнa, туку на долг рок може да се покаже од суштинско значење.

Мислите дека смислата за хумор е важна на работното место? Дозволете ни да дознаеме за вашите искуства со коментирање подолу.


Оставете коментар

___