• Сподели на:

Кои се поефикасни лидери – мажите или жените?

___

Неодамнешно истражување кое е спроведено во Америка имало за цел да испита ставовите на 6.500 луѓе околу политичките и корпоративните лидери.

Интересно е дека поголемиот дел од испитаниците сметале дека жените во својата професија се многу поефикасни од мажите и одговориле во кои 14 особини се подобри.

Иако мажите во поголемиот дел секогаш се снаоѓаат на водечките позиции, но тие можат да ја изгубат довербата во модерното време, бидејки женскиот модел на лидер и комуникација влива многу повеќе доверба.

Од 6.500 испитаници само 22 проценти сметале дека нивните политички и работни лидери се ефикасни. Тоа е малку, кога ќе се земе во обзир дека 80 проценти од случаевите мажите се на водечки позиции.

Ова им оди на жените во корист, па така може да се очекува пораст на женски лидери во иднина.

Сепак, кога испитаниците биле прашувани дали низ времето би имале брзи проимени и задачи дали да ги водат жена или маж. 54 проценти одговориле во корист на мажите, а само 46 во корист на жената.


Оставете коментар

___