• Сподели на:

Како друштвените мрежи ја загрозуваат вашата кариера

___

Активностите на друштвените мрежи може лошо да се одразат на вашата кариера. Токму оние работи за кои мислите имаат позитивно влијание, всушност лошо влијаат на вашата работа.

 

Премногу лајкови

Ако вашата работа не вклучува друѓтвени мрежи, постојаното ажурирање на профилот и лајкувањето на туѓите активности прават лошо за вашата кариера. Причините се очигледни: ако сте премногу активно, особено во текот на работниот ден, претпоставените или колегите би можеле да се запрашаат  колку сте посветени на работата.

 

Лоша фотографија на профилот

Стручњаците за друштвени мрежи откриле дека фотографијата која ја имате на вашиот профил е всушност многу важна во професионланиот свет, земајќи во предвид дека не е тајна работодавачите да ги пребаруваат кандидатите за работа на интернет, а првите резултати главно се профилите на друштвените мрежи.

 

„Околу 85 проценти од најдобрите кандидати имаат фотографии со виска резолуција, сликани од градите нагоре. Јасниот поглед на лицето на кандидатот остава впечаток на доверба“, тврдат стручњаците.

 

Коментари

„Чепкањето“ на работодавецот не мора секогаш да се задржи само на вашиот профил, туку и на вашите пријатели и на нивните фотографии и коментари. Затоа е многу важно да внимавате какви коментари ви оставаат, но и какви оставате вие. Тоа е особено важно кога се во прашање слики, дури и оние кои се неозначени, бидејќи секој невкусен коментар може да ви наштети, па макар и да е напишан на шега. Истото важи и за лајковите или за коментирањето на непримерни содржини.

 

Ве нема на друштвените мрежи

Прекумерната активност на друштвените мрежи е непожелна. Но, тоа не значи дека би требало да ги избегнувате или пак да сте неактивни, особено ако сте невработени.

 

„Друштвените медиуми се многу важни при барањето работа. Тие се извор на информации за работодавецот, но и обратно. LinkedIn е задолжителен за оние кои сакаат за нив да се слушне во професионалниот свет, но и Фејсбук и Твитер можат да ви помогнат да ги покажете своите позитивни особини, како што се на пример креативноста и комуникациските вештини“, објаснуваат стручњаците.


Оставете коментар

___