Дали ви се случило, кога наутро ќе ве разбуди алармот, да посакате да не мора да се спремате и да можете целата работа да ја завршите од дома? Размислете уште еднаш. Кога канцеларијата ви е дома, покрај работата што ја имате ве чекаат и многу други обврски.
Погледнете ги резултатите од едно интересно истражување и сами проценете кои се предносите а кои маните на тоа да работите од дома. Анкета ја направила британската комапнија Ecigarettedirect која се занимава со продажба на електронски цигари.
Вака изгледа работата од дома:
– 20% од анкетираните признаваат дека работат голи.
– 80% додека работат гледаат и телевизија.
– 70% покрај работата, се занимаваат и со други домашни обврски.
– 20% од луѓето кои работат од дома, и за време на сексот одговараат на телефон.
– некои поединци вежбаат додека работат
– третина стигнуваат и да испазарат
-15% од луѓето кои работат од дома пушат.

You must be logged in to post a comment Login