• Сподели на:

Имате ли потенцијал да бидете лидер?

___

Проверете дали ги поседувате трите важни квалитети…

Ако се стремите кон успешна кариера, сигурно дека во даден момент ќе се консултирате со литературата посветена на лидерството. Сличен тип на изданија се особено популарни во бизнис круговите и обично тврдат дека преку правилни чекори секој може да биде лидер.

Токму оваа теорија се обидува да ја побие, експертот за кариерен развој Лес МекЕван. Според него вештината да го извлечеш максимумот од тимот со кој управуваш, не се стекнува. Вистинските лидери треба да го користат потенцијалот на своите соработници и да го вложат во оптималниот развој на целиот проект.

За онлајн изданието за бизнис и претприемништво Inc.com, МекЕван истакнува дека вистинскиот лидер може да се препознае по три основни квалитети. Само луѓето кои ги поседуваат, можат да прераснат во успешни лидери.

Да раководи само тогаш кога тоа е потребно
Некои луѓе сметаат дека лидерот треба да биде некој вид на спасител, избран за да ги води по патот на корпоративниот просперитет.
Токму спротивното. Вистинскиот лидер има ретка способност да се осмели да проникне во работата на своите вработени, насочувајќи ги во вистинскиот момент кон вистинските цели.
Тој ќе го поведе тимот тогаш кога е потребно и на начин кој тој го смета за точен, во зависност од ситуацијата.

Повеќе да се разбира, отколку да дејствува
Аналогно – луѓето веруваат дека нивниот менаџер треба да знае да прави сè што и тие. Плус уште неколку работи по кои треба да се разликува.
Вистината е дека лидерските квалитети се изразуваат, не во тоа колку задачи извршуваш, туку во вештината да се воздигнуваш над работите и да имаш разбирање за нив. Не е потребно најдобриот менаџер да е експерт во областите во кои вработените му се добри. Неговата главна задача е да ги координира сите овие квалитети во една продуктивна работа. И понекогаш нема потреба да прави друго.

Лидерот ги менува луѓето. Тие постигнуваат резултати
За да ги објасни лидерските квалитети, Лес МекЕван го дава следниов пример:
“Извршниот директор А ги постигнува поставените цели, но неговиот тим “гори” по патот. Директорот Б цели да создаде добар и стабилен тим, кој сепак не успева да ги постигне целите. Кој од овие двајца е подобар лидер?
Ова, се разбира, е лажна дихотомија. Одговорот е извршен директор В – кој прави така да неговите луѓе се развиваат и плус да ги постигнуваат потребните цели”.

“Примерот А” често се претвора во диктатор, кој не бара ништо друго, освен вработените строго да ги почитуваат заповедите и неговите инструкции. Карактеристично за овој тип е само едностраното верување за работите, што пак е одраз на разбирањето на неговите сопствени професионални квалитети и недостатоци.

Вистинскиот лидер ги користи индивидуалните и групните карактеристики на луѓето, за да им помогне да ја постигнат поставената цел. Под негово водство тие се менуваат, за да го покажат најдоброто од себе.


Оставете коментар

___