• Сподели на:

Го бараш успехот? Кажи не на… …овие 5 однесувања

___

За да ги достигнеш своите професионални цели, да ги исполниш своите сонипта и да го најдеш успехот, потребно е да избегнуваш серија однесувања кои нема да ти помогнат во ништо. Ти откирваме кои се за да не заборавиш да им кажеш НЕ!

 

1- Самоспречување. Ако мислиш дека немаш доволно капацитет за да ги надминеш новите предизвици и закани, тоа само ќе ги забави твоите дејствија. Погледни го светот како отворено поле на можности каде можеш да го постигнеш она што ќе го наумиш. Да си поставуваш граници? Никогаш!

 

2- Заостанување. Додека луѓето околу тебе напредуваат и ги исполнуваат своите соништа, ти остануваш на страна чекајќи да ти се пружи некоја можност. Грешка! Излези и барај ги своите можности и почни да ги остваруваш своите соништа денес. Почни малку по малки и ќе видиш како секој направен чекор е синоним за успех.

 

3- Не донесување одлуки. Поради одбивање, срам… Никогаш не превземаш контрола над својот живот и не одлучуваш за себе. Издигни се над конкуренцијата на работното место, право го она што навистина го сакаш и живеј според своите желби.

 

4- Чувство на страв. Успешните професионалци не потклекнуваат на промените, туку се „носат“ со нив. Твојата мисија е да ги следиш трендовите и да ги прифатиш оние кои ти одговараат. Реагирај и не чувствувај страв!

 

5- Неинвестирање во себе. Време, пари и обука, тоа се трите столбови кои треба да ја движат твојата кариера. Замисли се себеси како компанија, и како добар сопственик, инвестирај во себе. Курсеви за развој на нови вештини, читање книги…Посвети си време и порасни професионално.


Оставете коментар

___