Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Бонтон на работа? Што треба да знаете за однесување на работното место.

Дали сте запознаени со правилата за бонтон на работа? Многу ќе одговорат да, но и покрај тоа многу истражувања покажуваат дека голем број од луѓето не знаат  прикладно да се однесуваат на работното место. Оговараат, не се озбилни, премногу ја откриваат својата приватност…  За сите вакви однесувања, би можеле скапо да платите.

Тивко, во врска со унапредувањето!
Ако вашиот шеф ви понуди покачување или унапредување, славете! Среќната вест споделете ја со најблиските, но не и со колегите на работа. Нив можете да им кажете само ако самите ве прашаат. Почекајте веста да стане официјална, а до тогаш не зборувајте ништо за тоа на работа. Ако покасно колегите ви се налутат, тоа е веќе нивни проблем.

Помалку оговарање, повеќе работа!
Трачевите се составен дел на секое работно место, но тоа не значи дека и вие морате да учествувате во нив. Немојте да дозволите да ве доживеат како некој кој повеќе сака да оговара наместо да работи. Дури и кога на дневен ред е оговарањето на колегите кои навистина не ги поднесувате, задржете го јазикот до забите, оговарањето никогаш не носи нешто добро.

Приватноста нека остане приватност!
Нормално е најблиските ваши колеги да знаат што се случува во вашиот приватен живот, но самите одлучете каде ќе биде границата на она што го споделувате со нив. Во ред е да споделите дека имате дечко и дека сте среќна, но не е препорачливо да зборувате за расправиите до најмали ситници, или за детали од вашиот кревет.  Вашата интимност нека остане тоа што треба да биде – интимност.

За пари, едноставно, не се зборува.
Во многу компании забранета е дискусија во врска со платите, но не се само платите забранета тема. Не треба да зборите ни за своите долгови, кредити и слични парични проблеми. Тоа се ваши лични работи и задржете ги за себе, дури и кога некој друг зборува за сопствените.

Бидете пристојни.
Безразлика на тоа колку ви се допаѓаат и ви одговараат колегите, морате да бидете пристојни. Поздравете ги, заблагодарете им кога е потребно, насмејте се, бидете професионални. Вашите колеги немора да знаат дали имате лош или убав ден. На работа нема место за вашите приватни нервози или други проблеми.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement