Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Барате идеален работен тим? Спојте ги Шкорпијата и Рибите

Сложување со шефот, запослените и соработниците е клуч на успехот во работата. Различноста на секој колега и работен парнер можат да имаат изразено големо влијание на концентрацијата и и мотивацијата. Дознајте како Рибите се слагаат со остатокот од зодијачките знаци на професионален план.

Овен и Риби

Кога ќе се спојат Овенот и Рибите, нивниот однос често взаемно користи и покрај контрастот на темпераменти. Овенот е непосреден и нагло реагира и понекогаш делува како да не му е грижа за последиците. Рибите се мирни , промислени и често доцнат со реакциите. Сепак во пар успеваат да се усогласат и да извлечат она што е најдобро.

Бик и Риби

Многу позитивна комбинација на две личности кои при првата средба личи како одамна да се познаваат. Бикот е практичен, сака факти, јасен план и смер на дејствување, но не му пречат креативните прошетки на Рибата и интуитивното чекање на вистинскиот момент за акција.

На Рибите им годи Бикот со постојаноста и им помага да не одлетаат предалеку во фантазирањето или двоумењето.

Близнаци и Риби

Еден со друг ќе се засмејуваат, се лутат и збунуваат. Заеднички точки им се промисленост и предомислување па малку е веројатно дека ќе се согласат во биоритамот и интересите. Близнакот мора да пази да не му излета нешто да не ја повреди Рибата, а таа мора да биде спремна на нагли промени на плановите. Подобро се сложуваат во ситуации кои не побаруваат голема одговорност и прецизност.

Рак и Риби

Кога работат заедно, двата стануваат посилни отколку кога би работеле сами или врзани за соработници од други знакови. И двата во поголем број случаеви се толерантни и сочувствителни па се храбри, тешат и поттикнуваат на работа. Иако и давта се тивки сонувачи, Ракот е практичен па ќе и помогне на Рибата да ги спроведе замислите во стварност. Разликата е во тоа што ракот повеќе штеди, а рибата побрзо троши.

Лав и Риби

Ќе им треба време да се навикнат на меѓусебните различности. Лавот сака слобода да наредува на другите и самиот го прави она што го сака. Потчинета Рибата изгледа како идеален „плен“ за Лавот, но не допушта бесконечно искористување. Кој ќе ја потцени, ќе се изненади кога таа ќе почне да пружа отпор. Ако е мудар, Лавот ќе ја храбри Рибата, а таа ќе му се восхитува.

Девица и Риби

Побрканата и растресена Риба на прв поглед не е идеален партнер за Девицата, но со малку заедничко прилагодување може да се постигне успех. Што подолго соработуваат, толку повеќе ќе се уважуваат меѓусебно и партнерството ќе напредува. Девицата ќе биде задолжена за организација и финансии, а Рибата за креативниот дел од работата и смислување идеи.

Вага и Риби

На професионален план овој пар може да оствари солиден успех иако стиловите и комуникацијата им се различни. Вагата е конкретна и пореална од Рибата, чија работа често зависи од расположението. Можат успешно да соработуваат во работа во доменот на хуманитарна работа, туризам, лингвистика и педагогија.

Шкорија и Риба

Овие два знака можат да бидат одлични работни партнери. Шкорпијата може успешно да ја контролира финансиската страна и да донесе тешки одлуки додека Рибата може да придонесе со многу добри идеи за дизајн и огласувачка кампања. Соработниците во оваа комбинација можат со години да работат во пријатна атмосфера и со постојани позитивни резултати.

Стрелец и Риби

Рибите и Стрелецот како деловни партнери имаат искрен и стабилен однос. Стрелецот е многу отворен и сака да поминува време жешко филозофирајќи за најразлични теми. Рибите се тивки и чувствителни па Стрелецот често несакајќи ги повредува најчесто со директни наредби или критики. За среќа, Стрелецот знае да се искупи со ширење на добро расположение па Рибата ќе му прости.

Јарец и Риби

Иако живеат во различни димензии, заедно можат да остварат значајни деловни успеси. Јарецот е практичен и често стои на земјата, свесен е дека има силна работна етика. Рибите се емотивни и по малку наивни па понекогаш земаат лекомислено одговорност и обврски. За среќа, типичниот Јарец е морален па тоа нема да се искористи.

Водолија и Риби

Овој двојник има извонредни капацитети за соработка во работата од општ интерес. Проблемот во неговиот однос може да биде склоност кој губење на ориентацијата и излегување од смерот кој води кон успешното завршување на проектот. Најдобро е дека целите, роковите, поединечните задачи и начинот на работа се прецизно одредени од самиот почеток.

Риби и Риби

Соработката на Рибите е полна со ризици, но и полна со извонредни можности. И двете се нагласено емпатични и развиваат длабоко емоционално разбирање. Иако на памет ќе им паднат оригинални идеи и визии за иден успех, недостаток на смисол за практичност би можел да ги осуди на цупкање во место. Добро е во екипата да имаат некој кој не припаѓа на воден знак.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...