• Сподели на:

9 трикови за да се релаксирате на работното место

___

Ели ви носи 9 едноставни трикови кои можат да помогнат да се намали стресот за помалку од 5 минути. Од чај, преку специјални техники на дишење …a со помош на овие техники, секоја болка е помала.
Имате 364 нови пораки во Inbox , само што ви сте истури кафе на новите панталони, состанок во конференциска сала за 5 , 4, 3 минути … Со други зборови , ова е моментот кога ви е потребна релаксација , минута пауза, тишина.
Кога ќе се чувствувате напнати , под стрес, поминатиот викенд во бањата или на плажа , километри  подалеку од канцеларијата во толпата од луѓе ви решава се. Но што да се прави кога немаме време за одмор, и кога одморот е километри далеку од нас, а ние сме 24 часа во петта брзина .
Elle Ви носи 9 едноставни трикови кои можат да помогнат да се намали стресот за помалку од 5 минути. Од чај преку специјални техники на дишење … со помош на овие техники, секоја болка е помала.
Голтка зелен чај
Наместо да разговарате со колегите со црвенило на лицето, растреперен глас , одете во кујната и земете си зелен чај. Овој чај е богат извор на танини, супстанции кои го одземаат бесот.
Коцка чоколадо
Само една коцка чоколадо може да ви помогне да ги смирите нервите. Имајте во фиока темно чоколадо, бидејќи со него се регулира нивото на хормонот кортизол , кој влијае на стресот.
Лажичка мед
Намалете го стресот со малку слатко. Покрај тоа што е природен чувар на кожата и прекрасен антибиотик, медот, исто така, влијае на мозокот, така што се борби против депресија и анаксиозност.
Медитација
Не е потребно да се изолирате и да отпатувате во планина за да медитирате. Истражувањата покажаа дека само два кратки моменти на тишина и мир во денот можат да го намалат стресот и депресијата. Најдете тивко место во компанијата, фокусирајте се на својот здив, затворете ги очите и ќе се почувствувате како анаксиозноста исчезнува, го напушта вашето тело.
Ставете ја главата на перница
Некои денови ни е потребно да спиеме по неколку часа. Еден час или два . Но, постојат повеќе денови кога немате време за тоа, ниту пак е дозволено на работа. Меѓутоа, ако со себе на работа понесете мала перница, вие сте на половина пат до релаксација. Обидете се со тоа: кога ќе ве фати стрес релаксирајте се пет минути со главата надолу на перница и замислете како перницата ги извлекува од вас сите грижи и стрес.
Бројте наназад
Не, ова не е IQ тест , но тоа се корисни совети за тоа како да се релаксирате. Кога ќе почувствувате дека обврските ви се зголемуваат, а главата само што не ви експлодирала , обидете се полека да броите до 10 и назад од 10 до 1 , па повторно, а тоа ќе ве смири . Ќе бидете помалку нервозни околу некој рок, ако се фокусираат на броење, односно кој број доаѓа по 7 (Еј, основното училиште беше одамна.)
Креативна визуелизација
Некој е на вратата. Тоа е Рајан Гослинг (или Џенифер Лоренс ) и на колена ве моли, додека вие енергично викате Да! Ииии моментот е завршен. Ова е мало патување во соништата , имагинацијата и многу тренери експерти сакаат да го наречат креативна визуелизација кои се јасно поврзани со нешто што нè прави среќни, задоволни, имаат голема моќ на брза релаксација и можете во секое време да си го дозволите.
Замижете
Затворете ги очите за една минута. Земете длабок здив и се одморете се од работа, хаосот во домот. Тоа е голема вежба која ќе ви смири и фокусира .
Масажа со прсти
Кога на видок немате било какoв профи масер, покушајте самите да се измасирате, особено на вратот , рамената и делот од раката на која постојат точки кои се тесно поврзани со нервите. Ова е примарнои  се препорачува за луѓе на работа кои работат на тастатура. Рацете можат да “носат” голем дел од стресот.

Оставете коментар

___