• Сподели на:

5 професии кои најбрзо го нарушуваат здравјето

___

За некои професии јасно е дека се опасни, како на пример оние кои се извршуваат во опасни услови како што се дрвосечач, работник на далекуводи, рудар…

Некои професии во себе носат опасности за кои не сте свесни, а можат значително да влијаат на вашето здравје.

Земјоделци

Иако земјоделците доста време престојуваат на отворено и водат физички активен живот, па со тоа имаат помала стапка на смртност од срцеви заболувања, рак на црева или бели дробови, имаат многу поголем ризик за заболување од некои други болести, покажало истражувањето на американскиот Национален институт за рак. Меѓу тие болести се леукемија, рак на кожа, усни и простата. Зошто? Изложени се на опасни хемикалии, пестициди, ѓубрива како и животински вируси и прашина.

Градежни работници

Дигалките кои можат да го испуштат товарот, падовите од високо и тешката машинерија не се единствените опасности на градилиштата. Многу работници кои работат на реконструкција на згради или работеле на нивната изградба, биле и се изложени на азбест, кој може да предизвика асбестоза и рак на бели дробови и 40 години подоцна откако сте биле изложени на тој токсин кој се таложи во белите дробови.

Пожарникари

Прилично е јасно зошто е опасно да се биде пожарникар, но повредите и вдишувањето на чад не се најголемата опасност, тврдат американските власти. Седум пати е поголема веројатноста дека пожарникар ќе умре од срцев удар отколку од вдишување на чад, а два пати отколку од несреќа, покажува статистиката. Причина е стресот, физички и психички. Според една студија, додека се борат со пожарот, ризикот од срцев удар кај пожарникарите се зголемува за сто пати.

Пилоти

“Не треба да се лета блиску до сонцето” е фраза, која се чини дека е многу точна кај пилотите на комерцијалните авиони. Имено, направена е студија која покажува дека пилотите имаат 25 пати поголема шанса да заболат од малиген малином, кој е најсмртоносен облик на рак на кожа. Сето ова би можело да биде предизвикано од зголемената космичка радиација на која се изложени, но и од стилот на живеење, кој вклучува бесплатни летови во тропски дестинации и многу сончање, како и постојаното менување на временските зони, што може да влијае на способноста на телото да се бори против болестите.

 

 

Сите работници кои седат   

Без разлика на тоа колку ви е удобно столчето или ергономска тастатурата, кариерата на канцелариско биро е опасна. Работата која вклучува седење преку цел ден, носи со себе 82 посто поголем ризик за кардиоваскуларни болести во однос на работите кои вклучуваат седење до четири часа неделно. Освен она очигледното – повеќе седење значи помала активност, а со тоа и намалено согорување на калории и сало. Научниците заклучиле дека редовното вежбање значително го намалува тој ризик. Премногу седење значи и поголем ризик за рак на дебелото црево, а за болките во грбот да не зборуваме.


Оставете коментар

___