• Сподели на:

11 апсолутно забранети реченици на работно место

___

Овие реченици треба да ги заборавите кога сте на работното место. Да ги кажете на некој од колегите или претпоставените може само да ви донесат непријатности.
Не е фер – Таа доби покачување, вие не. Тој беше пофален, вие не. Некои луѓе имаат изобилство храна, додека некои гладуваат. Неправдата се случува на работа, но и во секојдневието.  Наместо да ја користите оваа фраза за да се жалите, бидете проактивни во врска со вашите проблеми.
Тоа не е мој проблем; тоа не е мојата работа; јас не сум платена за ова; – доколку вие побарате помош, како ќе се чувствувате ако некој ви одговори со некоја од овие фрази. Независно колку е беззначајно, колку и да не ви се допаѓа барањето, тоа е најверојатно е многу значајно за другата личност, во спротивно воопшто нема да ви се обратат.
Јас мислам… – Со мала разлика во зборови, може да се постигне сосема поразличен ефект. „ Јас мислам дека можеби…“ е фраза со два слаби збора, и веројатно не ви го подигнува кредибилитетот. Ризикувате да ве сметаат за несигурни.
Нема проблем. –  Оваа фраза е во ред, се додека се работи за некој близок соработник, со кого односите ви се барем малку пријателски. Во останати случаи, може да имплицира дека по други околности, работата би била проблем.
Ќе пробам. – Замислете си дека вашата колешка ве замолува за услуга која е временски ограничена, а вие велите „ Во ред, ќе пробам да стигнам.“ Таа веројатно нема да очекува да и ја завршите услугата.
Тој е кретен, таа е мрзелива, работава ми е ужас. – Не само што ве прави да изгледате како да ги немате надминато средношколските денови, овие фрази дополнително можат да ви ја уништат кариерата.
Ама секогаш го правиме ова вака. – Користете ја оваа фраза, и во очите на колегите ќе бидете ригидни, заглавени во времето и нефлексибилни. Дури и да не знаете како да ја извршите работата, или пак не ви се допаѓа, обидете се со „ Тоа е интересна идеа, како би го направиле тоа?“, тоа веројатно ќе ви ја олесни работата.
Тоа е невозможно, јас не можам ништо да направам. – Навистина? Тоа не е никакво извинување, само ве прикажува како песимист, пасивна личност. Обидете се со „ Ќе погледнам уште еднаш што може да се направи“.
Ти требало да … , Ти можеше… –  Како ќе се чувствувате доколку некој ви каже „ Требаше да ми го кажеш ова порано!“ или „ Можеше да бидеш поупорен“ . Следниот пат кога некој ќе направи грешка ( или барем така ќе изгледа) употребете поблаг пристап „ Следниот пат подобро ќе испланираме и ќе разговараме“ или „Во иднина, ти препорачувам…“.
Можеби не сум во право, но… или Можеби ова е смешна идеа, но… – Зборовите кои ќе ги употребите кога кажувате некоја идеа, можат да го изградат или да го срушат вашиот кредибилитет во работењето. Затоа бидете самоуверени и заложете се за идеата која ја имате.
Зарем не мислиш така? или Океј? – Овие зборови можат да ви помогнат само во случај кога барате мислење или поддршка од некого, но кога целта на разговорот ви е да пренесете порака (наредба, барање) или да убедите некого, неопходно е да користите зборови кои одаваат сигурност и самодоверба.


Оставете коментар

___