Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

10 причини зошто не ја добивте работната позиција

Се интервјуираат многу апликанти, но се вработуваат само мал дел од нив.

Еве зошто работата ја добил некој друг, а не вие.

 

1 . Немате добар одговор на прашањето : “Каде се гледате себеси за 10 години ?”

Не негираме дека ова прашање е клише, но тоа во голема мера може да влијае на мислењето на работодавачот.

 

2 . Не сте ја проучиле компанијата пред да се појавите на интервју .

Не секој може да има пристап до интернет во секое време, но сигурно компанијата и лицето кое ве интервјуира имаат, а тоа треба да го сфатите пред да се појавите. Мора да ги имате прочитано нивните најнови твитови, постови или соопштенија за нивната работа.

 

3 . Едноставно не си одговарате.

Не постои ништо што можете да направите во врска со ова, но добро е да сфатите дека ако не ја добиете работа, тоа не е страшно, бидејќи не ви недостасува талент, страст или иднина во таа област .

 

4 . Изгледате незаинтересирано .

Ако дојдете во канцеларијата со став кој би сугерирал дека би имале проблем со одредени задачи, нормално дека ќе го вработат кандидатот кој ќе каже: “Јас умирам да работам тука. ”

 

5 . Не сте ја одржувале понатамошната комуникација.

Не е важно дали ќе испратите картичка со која се заблагодарувате по e -mail или пошта, но важно е да покажете дека и понатаму сте заинтересирани.

 

6 . Преквалификувани сте.

Ако сте работеле 2 или повеќе години на подобра работна позиција, понапредни сте од работата што се нуди и нема да ве вработат. Ќе ви биде досадно!

 

7. Не сте се подготвиле.

Да донесете неколку копии од вашето резиме е минимум. Ако сакате да бидете новинар, треба да донесете папка со вашиоте објавени работи. Ако аплицирате за графички дизајн, донесете портфолио со вашите релевантни уметнички дела.

 

8 . Не сте ја проучиле доволно компанијата пред да се појавите на интервју .

Мора да знаете се што може за компанијата каде што аплицирате.

 

9 . Нервозни сте во лоша смисла.

Секој е нервозен и има трема пред да оди на интервју за работа, но ако сте толку нервозни што заборавате на клучни точки од разговорот или ако не можете да одговорите на повеќе од две прашања, вашите нерви, за жал, работат против вас.

 

10 . Не сте поставиле добри прашања на крајот на вашето интервју.

Прашуајќи “Што е најдоброто нешто да се работи тука?” и ништо друго, сугерира дека поставувате прашање колку да кажете нешто. Доколку имате малку време со работодавачот, искористете го паметно!

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...