• Сподели на:

За совршено исфенирана коса: Фризерски трик за подобар волумен и постојан облик!

___

Ако до сега не сте знаеле, крајно време е да дознаете за што служи копчето за ладен воздух.
Косата може да биде совршено рамна и убава, без оштетувањата кои ги прави фенот кога косата е директно изложена на врел воздух.

Во тоа е и целата работа: жешкиот воздух кој лета во нас ни прави додатна топлина и никој нема многу желба да се фенира.

За почеток, заборавете на користење само на топлиот воздух. Ако до сега не сте сватиле за што служи копчето за ладен воздух – време е да дознаете.

Ладниот воздух од фенот е клучен за правење на постојан волумен, затоа што вашата коса ја одржува рамна и обликувана.

Еве како да се исфенирате на наједноставен начин: Прамените од косата извлечете ги со округла четка, со пречник од најмалку 6cm, додека ја фенирате косата со топол воздух. Потоа пуштете ладен воздух од фенот и продолжете со четката да ги обликувате прамените.

На самиот крај, оставете ја четката во косата барем две до три минути, а потоа полека извлечете ја од праменот. Косата ќе биде убава, рамна и глатка, како да сте биле на третман кај најдобриот фризер во градот.


Оставете коментар

___