Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Воздушест боб

Кратката коса не мора да биде досадна. Патец на средина или на страна – тоа го носат сите. А, вие не сакате да бидете како сите!

Одморете се од овој лежерен стил и малку протресете ја секојдневната рутина. Старата добра боб фризура се врати, но сега изгледа како да поминала низ тунел со брзина од 120 km/h: „Романтично е, а сепак има некоја рокенрол острина“, вели James Pecis, човекот кој беше задолжен за фризурите на ревијатаBlumarine.

Во прашање е стајлингот кој бара мазна текстура на коса, а благодарение на тапирањето и лакот, можете да ја подигнете и да ги ставите под контрола непослушните прамени.

За да не изгледате премногу озбилно, како завршен слој можете да ставите некој производ за сјај на косата со кој ќе постигнете мокар ефект. Sam McKnight, главниот фризер на ревијатаBalmain вели: „Залижано, малку мрсно, многу волумен и жесток став. Андрогеноста никогаш не изгледала така свежо“.

Измешајте го познатиот ретро стил со малку тренди волумен и имајте совршена фризура за секој ден!

Направете сами: Нанесете пена на мокра коса, фокусирајќи се особено на коренот и сушете со фен држејќи ја главата наопаку, за да добиете екстра волумен. Делот од коренот на вратот натапирајте го благо, а на средина малку повеќе, па потоа се фиксирајте со лак. Косата на врвот на темето натапирајте ја екстремно, за да добиете на висина. Шишките не ги тапирајте, туку префрлете ги преку тапираниот дел за да го покриете.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...