Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

УБАВИНА ОД ОСТАВАТА: Шампањот прави чуда за косата!

Верувале или не, не ви се потребни прескапи шампони, разни пакети и преценети третмани за коса. Оцетот ќе ја исчисти сета нечистотија и вишокот маснотии од темето, а шампањот ќе и го даде заносниот сјај.

Ако сакате да заблескате на некој настан или едноставно да направите вистински третман за својата коса, нахранете ја со маски од сопствената работилница. Употребете ги намирниците кои ги имате дома и постигнете сјаен изглед.

 Bundeva2

МАСКА ОД ТИКВА

Тиквата одлично ќе ја нахрани вашата коса бидејќи е богата со витамин А и калиум, со помош на кои благотворно ќе влијае на темето и на растот на косата.

Во сад ставете две шолји пире од варена тиква, додадете лажичка масло од кокос, лажичка мед и лажичка јогурт.

Измешајте ги состојките и нанесете ги на влажна коса.

Оставете ја маската да делува 15 минути и потоа измијте ја косата со шампон.

За вашата коса да изгледа пожива, измијте ја со мешавина од една чаша јаболков оцет и една чаша млака вода/

Потоа измијте ја косата со шампон за да го отстраните непријатниот мирис.

Оцетот ќе ја отстрани сета нечистотија и вишокот на природни маснотии од темето, а ќе го спречи сушењето на косата.

ШАМПАЊОТ ГО ВРАЌА СЈАЈОТ

Шампањот прави чуда од вашата коса, особено на русата коса бидејќи и дава златен сјај, а истовремено не ја суши.

Косата прво измијте ја со шампон, а потоа измијте ја со мешавина од половина чаша млака вода и половина чаша шампањ.

Немојте потоа да ја миете, косата ќе ви биде посјајна и полна со волумен.

  frizura001

ЦИМЕТОТ ГО ЗАЈАКНУВА КОРЕНОТ

Во сад ставете половина шолја врело маслиново масло и додадете лажичка цимет, па лажичка мед.

Кога смесата ќе се олади, со неа измасирајте го темето и оставете да делува 15 минути.

Потоа имијте ја со шампон и постапката повторувајте ја секоја недела за да го зајакнете коренот на косата.

Маскаат од цимет го спречува опаѓањето на косата.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...