Плетенката е една од најстарите фризури кои доаѓаат во милион варијанти и може да ја носат и стари и млади. Но, како се менуваат трендовите така и овој начин на обликување добива нови и интересни форми. Дали сакате да ја пробате безвременската фризура совршена за преку ден и навечер.
Класична плетенка
Поделете ја косата во три дела – прамен А, B и C.
-Прамен А префрлете го преку праменот В.
-Праменот С префрлете го преку праменот А.
-Праменот Б префрлете го преку праменот С.
-Постапката повторете ја се додека не ја направите плетенката, а крајот заврзете го со ластик за коса.
Обратна плетенка
Косата врзете ја во ниско опавче.
-Опавчето поделете го на два дела.
-Од левата половина од косата издвојте тенок прамен префрлете го и спојте го со десната половина од косата.
-Од десната половина од косата издвојте тенок прамен, префрлете го и спојте го со левата поливина.
-Постапката повторете ја се додека во целост не ја направите плетенката, заврзете ја со ластик за коса.
Спирална плетенка
Косата поделете ја на половина.
-Двата краја од костата спирално цврсто свиткајте ги додека прамените на станат тврди и рамни. Доколку ви е полесно крајот од косата заврзете го со ластик за коса.
-Еден со друг превртувајте ги деловите се додека плетенката не е до крај исплетена. Крајот заврзете го со ластик за коса.

You must be logged in to post a comment Login