• Сподели на:

Тајната е во шишањето

___

Убава, сјајна, здрава и негувана коса, без процветани врвови е сонот на секоја жена. Освен во маските и пакувањата, тајната се крие и во редовното шишање.

Краевите би требало да се кратат редовно, во зависност од дебелината на влакната, третманот и негата на косата. На тој начин се спречува пукањето на оштетените влакна, бидејки во спротивно може доста да се изгуби на неговиот волумен и должината.  Со правилното сечење на краевите се отвара фоликулата на влакната и на тој начин таа може да дише и расте.

Дамите со свиленкасто и тенко влакно би требало да се шишаат на два месеци, а оние со подебела, издржлива и отпорна коса еднаш во три месеци.


Оставете коментар

___