• Сподели на:

Создадете илузија дека имате густа коса

___

Густата коса секогаш  предизвикува восхит и ги привелкува погледите. Но доколку имате ретка и тенка коса, еве неколку совети како да создадете  илузија дека имате густа коса:

Заменете ги вашите производи за коса
Купете ги сите производи за волумен на косата, кои се нудат во продавниците – шампони, балсами, пена, концентрат за волумен во коренот и т.н.
Направете бранови
Правата коса секогаш изгледа потенка. Затоа, ако сакате вашата коса да изгледа обемна и привлечна, направете меки и сјајни бранови.
Фарбајте се во посветла боја
Осветлување на косата си има и свои предности. Дури додавањето на неколку руси прамени кон основниот тон, ќе создаде илузија на обемната коса.
Врзувајте ја косата на опашка додека спиете
Ако ја врзувате косата на високо репче, ќе имате поголем волумен во корените.
Носете ја косата на една страна
Префрлувајте ја косата од една страна на друга – ова е моментален начин беспрекорно да додадете волумен на своите корени.

Оставете коментар

___