• Сподели на:

Со билки против првут

___

Не е мал бројот на оние што мака мачат со првутот во косата. Ако сакате да се ослободите од него засекогаш и тоа за “пет пари” – сварете чај.

За него, во 1 литар студена вода ставете по 20 г рузмарин, жалфија и мајчина душица, загрејте до пред вриење и турете ја прецедената течност во стерилни шишенца. Еднаш дневно благо измасирајте го коренот на косата со чајот. За брзо време ќе бидете изненадени од ефектот, зашто комбинацијата на овие три билки дејствува против бактериите што ја напаѓаат кожата на главата и предизвикуваат првут.


Оставете коментар

___