• Сподели на:

Сакате подолга коса? Еве како

___

Kако да направите вашата коса да изгледа подолга преку ноќ? Со примена на некаква научна фикција? Не! Постојат трикови кои ќе ви помогнат да го постигнете тоa, кои дефинитивно мора да ги знаете. Надградбата на коса е еден од нив, тоа е точно, но не и единствен трик. Постојат уште многу други, а ние ви предлагаме некои од нив:

Направете плетенка

Дали некогаш сте пробале да направите плетенка со додатоци од коса. Ако не, тогаш сега е вистинско време да го пробате тоа. Со додатоците кои ќе бидат во комбинација со вашата коса ќе постигнете изглед на подолга коса.

Пеглање на косата

Се прашувате како до подолга коса? Mожеби вашата пегла за коса е вистинското решение за ова прашање. Посебно за жените со кадрави коси, испегланата коса не само што ќе изгледа подолга, туку и посјајна и погламурозна.

Надградба на коса

Веќе го споменавме овој трик на почетокот, но вреди да се спомене уште еднаш, бидејќи ова е најлесниот и најбрзиот начин да се добие подолга коса. Најдобра надградба за коса е онаа направена од природни влакна.

Сјајна коса

Правата и сјајна коса резултира со ефект на подолга коса. Уште една оптичка илузија и уште еден трик кој се препорачува да го пробате. Сјајот можете да го добиете со еден од многуте серуми за сјајна коса.


Оставете коментар

___