• Сподели на:

Сакате да ја постигнете онаа вистинската боја на коса? Тогаш овие нешта мора да ги знаете

___

Веројатно сте свесни за фактот дека фарбањето ѝ наштетува на вашата коса и дека со употребата на агресивни препарати, особено ако ја осветлувате вашата коса, доаѓа до оштетување и опаѓање на косата. А некои од овие проблеми не можат да се решат со едноставно потшишување и затоа е важно да знаете во што сè се впуштате.

1. Може да се случи да сте алергични на фарбите за коса или некоја состојка во нивниот состав

Алергиската реакција може да биде моментална, а може да се јави и после 24 часа. Важно е ако сте алергични на било што, да посветите поголемо внимание на листата на состојки која што е испишана на самото пакување и секако, најдобро би било да побарате стручен совет од фризер околу можните решенија за овој проблем.

2. Оштетена коса

Пред почетокот на фарбањето, во случај да се работи само за оштетени врвови, косата би требало да се потшиша. Ако поштетувањето е сепак поголемо, најдобро би било да се посоветувате со вашиот фризер околу третманите кои што би можеле да ги направите за да ја опоравите вашата коса пред фарбањето. Во случај да решите да ја бојадисувате косата која што е веќе оштетена, со тоа ќе ѝ нанесете уште поголема штета, при што може да дојде до обемно опаѓање и губиток на косата.

3. Вистински избор на боја

Бојата на косата се избира врз основа на тенот на личноста, подлогата, природните пигменти на косата, процентот на седи влакна и претходното фарбање.

Сите овие фактори би требало да се земат предвид за да не дојде до ситуација во која што коренот на косата би испаднал премногу светол во однос на остатокот од косата.

4. Драстични промени

Да бидете сам свој фризер во вакви ситуации не е воопшто препорачливо. Ако веќе имате на ум некаква драстична промена на бојата на косата или пак сакате нова фризура, стилистите ве советуваат најпрво да испробате слична перика во посакуваната боја или замислената фризура да ја испробате на некоја од веб страниците за виртуални фризури.


Оставете коментар

___