• Сподели на:

Решивте да станете русокоса?

___

Ќе бидете прекрасна “природна” русокоса, доколку за вас важат две од подолу наведените 3 точки:

 

Кога сте биле дете сте биле русокоса.

Можете да си дозволоте редовно одржување на косата.

Ви одговара да бидете магнет за мажите.

 

Бојадисување сама  дома

Ако решивте сами да ја бојадисате вашата коса во русокоса, тогаш одлучете се за некоја неутрална и топла боја, односно барајте ги фарбите за коса кои бојата ја именуваат како златна или медова.

 

Избегнувајте алкохол

Фарбаните русокоси се соочуваат со сува и несјајна коса, а користењето прозиводи кои во себе содржат висока концентрација алкохол, ќе направат вашата коса да изгледа уште пооштетена. Најчесто, алкохолот е дел состојките во лакот за коса, гелот и пената за коса. Затоа, пред да купите кој било од овие производи, погледајте го составот.

 

Оставете го избелувањето исклучиво за вашите заби

На многу жени им се допаѓа платинеста боја на коса. Сепак, вистината е дека токму оваа боја на коса може да направи да изгледаме уморно. Доколку, премногу ви се допаѓа оваа боја, замолете го фризерот да направо златна база, а потоа да додаде поладни тонови.

 

Оставете ги потешките работи на вашиот фризер

Доколку се решите да ја бојадисате косата две или повеќе нијанси посветли од вашата моменталната боја, не експериментирајте, време е да го посетите вашиот фризер.


Оставете коментар

___