• Сподели на:

Рецепт за длабински третман на оштетена коса!

___

Ако вашата коса е оштетена и со испукани врвови, ви го носиме омилениот рецепт на славните дами. Фризерот на славните дами Крис Мек Милан ви го открива рецептот за заздравување на оштетената коса од кој е задоволна и Џенифер Анистон.

Во сад измешајте 2 лажици обичен регенератор, 2 лажици рагенератор за длабинско делување, 2 лажици регенератор кој не се плакне и 2 лажици маска за коса.

Мешавината нанесете ја на косата од половина на нејзината должина до врвовите. Со крпа за бањање замотајте ја косата.

Овој длабински третман за коса се применува еднаш неделно, за да постигнете подобри резултати.


Оставете коментар

___