• Сподели на:

Природни начини за ослободување од оштетените врвови

___

Потрагата по природните начини со кои ќе се ослободите од оштетените врвови на косата може да биде тешко. Ако сакате да дознаете кои се тие и кои од нив всушност навистина се ефикасни, нашите предлози ќе ви го откријат тоа. Најдбро е од се е тоа што сите овие нешта можете да ги најдете во вашата кујна.

Авокадо и маслиново масло

Ова е одлична маска за коса, која не само што помага да се ослободите од оштетените врвови, туку ја прави косата мека и природно убава. Се што ви треба е половина авокадо и две кафени лажици маслиново масло. Можете да ја дуплирате дозата ако имате погуста или пак многу долга коса. Ставете ги состојките во една длабока чинија и мешајте за да добиете еднаква смеса. Откако ќе ја измиете косата со шампон, нанесете ја маската за коса и заврзете ја со ќеса или најлонска фолија. Оставете маската да дејствува околу 5-10 минути. Потоа исплакнете ја косата. Ова е еден од најдобрите и најприродните начини како да се ослободите од оштетените врвови.

Масло од јојоба

Можеби мислевте дека маслото од јојоба е добро само за вашата кожа, но ова одлично масло може да се употреби и како природен извор за убава, мека и здрава коса. Употребете малку од маслото само на врвовите од косата и оставете да дејствува околу 20 минути или пак уште подобро, цела ноќ. Наредниот ден исплакнете је косата со шампон и таа ќе изгледа преубаво.

Мешавина од маслиново масло, јајца, шеќер и млеко

Звучи како одличен рецепт, зарем не? Но, всушност, ова е одлична маска за коса која помага против оштетените врвови на косата. Се што треба да направите е да ги измешате овие состојќи и да ги нанесете на вашата коса да дејствуваат околу 15 минути. Потоа исплакнете ја со шампон и ќе ја забележите разликата.


Оставете коментар

___