• Сподели на:

Пет вистини и заблуди за првутот

___

Првутот не е болест туку козметички проблем, но честопати се чувствуваме непријатно доколку страдаме од оваа мака…еве ги најчестите вистини и заблуди за непријатното перутање на кожата на главата.

Умереното перутање е прилично чест проблем кој се јавува кај едно од пет лица. Во текот на зимата, овој проблем станува поизразен бидејќи се нарушува заштитната бариера на кожата и на тој начин, иритирачките супстанции полесно навлегуваат во неа.

Првутот не е болест туку козметички проблем, кој може да се реши со специјални шампони против ова појава, како и со разни природни средства.

Меѓутоа, поради непријатноста која најчесто ја чувствуваат оние кои страдаат од првут, често се избегнува отворен разговор на оваа тема, па така многу лесно се шират разни заблуди и гласини…

1. Сувата кожа на главата предизвикува првут.

Заблуда! Причината за првутот е габичката malesezija. Некои лица, во зависност од предусловите, реагираат на оваа габичка така што нивната кожа на главата создава повеќе првут. Првутот се јавува и кај сува и кај масна кожа. Бидејќи габичките се хранат со липидите од себумот на кожата на главата, тие се размножуваат доколку кожата на главата е масна. Кај лицата кои имаат првут, заштитната бариера на кожата на главата е оштетена и со самото тоа е подложна на ириатција. Условите на средината, како што е централното греење во зима можат да ја исушат кожата, да ја ослабат нејзината бариера и на тој начин да поттикнат создавање на првут.

2. Првутот може да биде последица на стрес.

Делумно точно! Стерсот не е причина за првут. Но бидејќи перутањето на кожата може да доведе до црвенило и иритација на скалпот, кога имунолошкиот систем е ослабен поради влијанието на стресот, проблемот со првутот може и да се влоши.

3. Првутот може да се пренесе преку чешли, четки и перници.

Заблуда! Првутот не е заразен. Но габичката која го предизвикува е распространета до таа мера, што речиси сите ја имаат оваа габичка, но во мали количини на кожата на главата. Проблемот се јавува само кај оние кои се веќе изложени на габичката.

 

4. Секојдневното миење на косата помага во борбата против првутот.

Делумно точно! Со оглед на тоа дека габичката која предизвикува првут се храни со липидите од себумот на кожата на главата, корисно е редовно миење на косата бидејќи на тој начин се отстрануваат вишокот маснотии. Со миење исто така се отстрануваат и габичките и самиот првут, па така проблемот станува помалку  забележлив. Лицата со масна кожа на главата можат да го намалат проблемот со првутот со секојдневно миење на косата со благ шампон. Тоа е исто така добро и за косата бидејќи се отстрануваат вишокот на мсанотии, нечистотија и мртвите клетки од коренот, овозможувајќи косата да изгледа поубаво. Меѓутоа, секојдневното миење на косата со шампон не може во целост да ја елиминира габичката. Ниту пак специјалните шампони против првут кои содржат антимикотици не можат долгорочно да го реглулираат овој проблем.

5. Морската вода помага во борбата против првутот.

Делумно точно! Заминувањето на море може привремено да ја намали количината на првут. Пливањето во морска вода, во комбинација со силните УВ зрачења, го отстрануваат вишокот на маснотии, првут и габички од кожата на главата. Но истовремено, солената вода и сонцето имаат катастрофално влијание на косата: ја осветлуваат и ја прават остра, сува и тешка за обликување. Се препорачува користење на високо квалитетен шампон против првут кој се грижи за косата и кожата на вашата глава.


Оставете коментар

___