Повеќето припаднички на понежниот пол носат природен патец или онаов каков што им бил стилизиран во фризерскиот салон и навидум изгледа дека околу патецот нема некоја голема мудрост. Но, како што се менуваат модните стилови околу облеката, така се менуваат и модните стилови во обликувањето на косата, па оваа сезона патецот игра голема улога кога е во прашање стилизирањето на косата и создавање целосен имиџ. Затоа, ако сакате да ја освежите својата фризура за некоја посебна прилика, излегување или едноставно ви треба промена, тогаш дефинитивно размислите за овие едноставни промени. Неколкуте видови патец на страна кои се модерн оваа сезона имаа инспирација во ретро стилот.
Длабок патец
Патец кој дефинитивно паѓа во око е оној кој оди длабоко од едната страна на главата, речиси до ниво на слепоочниците. Со оглед на тоа што никој природно нема таков патец, за оваа фризура ќе ви треба пена за коса, широка четка и лак за коса. Најлесно ќе го постигнете ако на влажна коса го одредите местото, нанесете пена, па ја исушите косата, а потоа го фискирате со лак за коса.
Низок патец
Во овој случај патецот не е толку длабок, но сепак е на едната страна и дефинитивно е во центарот на внианието. Ваквите фризури често се збогатени со локни, распуштени прамени, плетенки, шноли…
Тврдоглав патец
Ако едноставно имате тврдоглава коса која не прифаќа патец на нови места, и залисци кои морате да ги прикирете, не очајувајте. Нагласете го постојниот патец така што ќе ја волуменизирате коста па по обликот ќе го направите повпечатлив.

You must be logged in to post a comment Login