• Сподели на:

Нов тренд на повидок? Бебешки прамени за побујна коса

___

Новиот тренд во светот на бојадисувањето на косата наводно може да им помогне на девојките кои имаат проблем со недоволен волумен.

Станува збор за т.н.р. babylighting односно беби прамени – суптилно осветлени тенки прамени кои треба да создадат ефект на коса која е потемна на коренот, а наместо боење со слободна рака, се користи техника со фолија во која се мотаат тенките прамени.

Посветлите прамени се необичен тренд за есен, но релевантните фризерски салони ги обожаваат во моментов. Доколку имате тенка коса и не сакате драстична промена на бојата можеби оваа техника ќе биде вистинското решение за вас.


Оставете коментар

___